Барса го затвори „случајот Гризман“ за 15 милиони евра

Случајот „Антоан Гризман“ и дефинитивно е затворен откако Барселона се согласи да му плати на Атлетико Мадрид дополнителни 15 милиони евра за францускиот голгетер. За потсетување, каталонскиот гигант ја активираше клаузулата од 120 милиони за раскин на договорот меѓу Гризман и Атлетико, но мадридскиот клуб тврдеше дека преговорите се стартувани уште пред да дојде моментот во кој клаузулата станува активна.

Шпанската Фудбалска Федерација ја казни Барса со смешни 300 евра, по што Атлетико се закани дека ќе ги објави во јавноста сите докази за преговорите, вклучувајќи ја целокупната комуникација меѓу фудбалерот и каталонскиот гигант, како и со неговите агенти. Во една таква ситуација, клубовите повторно седнаа на маса и се договорија Атлетико да добие дополнителни 15 милиони евра. Со таа сума Барса воедно ја осигурува и првата опција за ангажман на петмина фудбалери на мадридската екипа, Саул Нигез, Хименез и тројцата најталентирани играчи во младинската школа на Атлетико.

Според договорот, доколку фудбалерот изрази желба да си замине, а некој клуб испрати понуда што е прифатлива за Атлетико, челниците на мадридскиот клуб имаат обврска да ја известат Барселона. Потоа, каталонскиот гигант ќе има неколку дена за да одлучи дали да ја израмни понудата за да го ангажра фудбалерот, или да дозволи тој да замине во новиот клуб.

Се вчитува...