Барса и Ајакс се договорија, Де Лихт уште се двоуми

Ајакс не попушти во преговорите, па Барселона на крајот се согласи на условите што холандскиот првак ги бараше за трансферот на Матијс де Лихт. Каталонското радио доцна синоќа обелодени дека Барса се согласила да плати 75 милиони евра за најдобриот млад дефанзивец во светскиот фудбал, но трансферот се уште не е официјализиран бидејќи самиот фудбалер е во дилема дали преселба на „Камп Ноу“ би бил вистинскиот потег за неговата кариера.

„Морам добро да размислам, дали ова е вистински момент за мене да се преселам во Барселона. Парите не се важни, ниту пак ме плаши конкуренцијата, но најважно за мене е да играм на секој натпревар, а не да ја греам клупата за резерви“ – истакна Де Лихт.

Во ситуација кога Барса ги има Пике, Умтити и Ленгле, јасно е дека конкуренцијата за двете места во срцето на одбраната ќе биде огромна. Токму затоа Де Лихт се уште одолговлекува, свесен дека со преселба во ПСЖ би имал загарантиран првотимски статус.

Се вчитува...