Барса и Реал се договорија за терминот за првото „Ел класико“

Шпанските гиганти Барселонаи Реал Мадрид се договорија околу датумот на кој ќе се одигра првото „Ел класико“ сезонава. Натпреварот ќе се игра на 18. декември на „Камп ноу“. Првично дуелот беше закажан за 26. октомври, но поради немирите кои се случуваат во Каталонија, од шпанската Ла лига одлучија натпреварот да биде одложен.

Лигата инсистираше мечот да се игра на 7. декември, но од двата клуба тоа не го прифатија, а во меѓусебен договор успеаја да најдат заедничко решение тој да се игра на 18. декември. Во моментов Реал Мадрид е лидер во шпанското првенство со 18 бода, два повеќе од второпласираната Барселона.

Се вчитува...