Барса испраќа тројца Французи во Париз за да го добие Нејмар

Барселона минатото лето не успеа да го комплетира трансферот на Нејмар, но каталонскиот гигант во претстојниот преоден рок повторно ќе се обиде да го врати бразилскиот ас на „Камп Ноу“. ПСЖ во 2017 година плати 222 милиони евра за Нејмар, сума што се уште е апсолутен рекорд во светскиот фудбал, на „светците“ им е јасно дека не можат да си ги вратат парите и сега бараат 150 милиони ера, но Барса ќе се обиде дополнително да ја спушти цената вклучувајќи свои фудбалери во понудата за Бразилецот.

Каталонските медиуми тврдат дека во доставената понуда до ПСЖ биле влкучени тројца француски фудбалери, кои би се вратиле назад во татковината и би го облекле дресот на „светците“ доколку овој клуб се согласи на ваква размена. Станува збор за Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жан-Клер Тодибо, чија вкупна вредност на пазарот изнесува над 100 милиони евра, а Барса би понудила и околу 40 милиони во пари за да го комплетира камбекот на Нејмар.

Дембеле би претставувал замена за Нејмар, додека Тодибо и Умтити би ја засилиле последната одбранбена линија, која летово ќе остане без капитенот Тијаго Силва.

На потег се „светците“, да одговорат дали ја прифаќаат оваа понуда или евентуално ќе побараат некој друг фудбалер од сегашниот ростер на каталонскиот гигант.

Се вчитува...