Барса ја пронајде замената за Тер Штеген – Голманот на Лидс ја продолжува кариерата во Каталонија

Марк-Андре тер Штеген би можел да биде продаден следното лето, бидејќи Барселона мора да собира средства од трансфери поради финансиската криза.

Голманот е моментално еден од највредните играчи во составот на Каталонците заедно со Френки де Јонг. Раковдството на Барса е подготвено да го продаде Германецот за обештетување од 50 милиони евра.

Клубот веќе идентификувал и замена за голманот, а тоа Илјан Меслие од Лидс јунајтед. Младиот Французин брани одлично во Премиерлигата иако има само 21 година. Тој е легитимен наследник на Иго Лорис на голот на сениорската репрезентација на Франција.

Неговата цена на трансфер-пазарот изнесува 20 милиони евра, а Барселона се надева дека ќе може да го купи за обештетување од 30 милиони.

Се вчитува...