Барса ќе мора да се снаоѓа и без Суарез

Барселона покрај бодовите на премиерниот меч во Билбао остана и без помошта на Луис Суарез, кој сега ќе мора да мине одредено време надвор од терените. Уругваецот се повреди при една шанса за гол што не успеа да ја реализира, лекарите се обидоа да ја санираат повредата, но тој сепак мораше да биде заменет.

Лекарскиот тим на Барса по денешните детални прегледи потврди дека повредата не е нималку наивна, проблем со мускул на десната нога. Времето на пауза не е наведено, но Суарез речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите до репрезентативната пауза, против Бетис, Осасуна и Валенсија.

Клупските доктори сега уште повеќе ќе ги интензивираат напорите за Лионел Меси да биде оспособен за настап веќе наредниот викенд против Бетис, откако Аргентинецот поради повреда на мускулот на ногата не настапи во Билбао.

Се вчитува...