Барса не ризикува – Меси ја пропушта и Валенсија

Лионел Меси тренираше напорно во Барселона за време на репрезентативната пауза, но Аргентинецот се уште ги нема целосно надминато проблемите со повредениот мускул и дефинитивно ќе мора уште извесно време да паузира од терените. Најдобриот фудбалер на Барса се уште нема тренирано со остатокот од тимот, по што веќе е јасно дека тој нема да настапи на саботното дерби со Валенсија.

Ставот и на Меси и на лекарскиот тим на Барселона е идентичен – не смее да се ризикува за да не дојде до посериозна повреда, па токму затоа Аргентинецот работи под специјална програма и нема да му се стави на располагање на тренерот Валверде додека не е максимално подготвен за такво нешто.

Барса се наоѓа во незавидна ситуација на стартот на сезонава откако по три кола веќе заостанува пет бода зад Атлетико Мадрид, па јасно е дека каталонскиот гигант не смее да си дозволи нов „кикс“ против Валенсија. Мали се шансите на саботното дерби да настапат Луис Суарез и Дембеле, што би значело дека Валверде повторно ќе мора да експериментира со нападот, каде од првотимците на располагање го има само Гризман.

Се вчитува...