Барса нема можност за скапи засилувања, па ќе го купува напаѓачот на Базел

Барселона и натаму разгледува варијанти за заменик за Кун Агуеро, кој поради проблеми со срцето ќе мора да паузира неколку месеци, а можеби и на подолго, во зависност од тестирањата.

Јасно е дека Барселона нема многу можност да доведе скапи засилувања, па така ќе се сврти кон голгетерот на Базел, Артур Кабрал, јавува „Мундо Депортиво“.

Раководството на чело со Деко веќе стапило во контакт со Кабрал кој во моментов е најдобар стрелец во Лигата на Конференции.

Станува збор за 23 годишен Бразилец кој што постигна 13 голови во 13 меча сезонава во Швајцарија, а во Лигата на конференции постигна 10 гола во сите 10 натпревари кои ги одигра швајцарскиот тим.

Се вчитува...