Барса низ игрите „топло-ладно“ едвај и против Виљареал

Барселона низ игрите „топло-ладно“ на стартот од новата сезона некако успеа да триумфира против Вилјареал со 2-1 во 6. коло од Ла Лига.

Каталонците брзо дојдоа до предност, откако за првпат сезонава проработе двојката Гризман – Меси. Аргентинецот асистираше за погодок на Гризман во 6. минута.

Во 15. минута Артур погоди за 2-0 по што се навести победата на Барселона…

Казорла во 44. минута внесе неизвесност со голот за 2-1, но сепак во второто полувреме Вилјареал немаше сили за пресврт.

Мечот го одбележа и новата повреда на Лионел Меси кој на полувремето мораше да биде заменет.

Се вчитува...