Барса од изгубена ситуација до победа против Бетис… (ВИДЕО)

Барселона во два наврати мораше да брка негатива на гостувањето против Бетис во 23. коло од Ла Лига, за на крајот да стигне до триумф од 2-3.

Канелес од пенал во 6. минута донесе водство за Бетис, но Де Јонг израмни веќе во 9. минута. Бетис повторно дојде до предност преку Фекир во 23. минута, за да каталонскиот тим дојде повторно до израмнување со голот на Бускетс во последните секунди од првиот дел.

Победата за Барселона ја донесе Ленгле во 72. минута по асистенцијата на Лионел Меси.

Со оваа победа, Барселона повторно се врати на негатива од три бода зад водечкиот Реал Мадрид.

Се вчитува...