Цезар Азпиликуета на крајот од оваа сезона најверојатно ќе го напушти Челси. Азпиликуета во Лондон е веќе 10 години, стана капитен на тимот, и се покажа како одлично засилување со кое лондонските „сини“ освоија се што можеше да се освои.
Шпанскиот фудбалер е стандарден, но неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а како што стојат работите, на крајот од сезоната ќе има нов предизвик. Тој најверојатно ќе биде иден играч на Барселона.
Се шпекулира дека Барса веќе влегла во преговори за десниот бек, кој би можел да се врати во Шпанија после 12 години.
„Каталонците“ уште во декември го контактирала агентот на Шпанецот, а самиот фудбалер порача дека нема ништо против да се пресели на „Ноу Камп“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА