Барса подготви нова „кошаркарска бомба“

Барселона лани потроши вистинско богатство на кошаркарски мегаѕвезди како Миротиќ и Хигинс, но остана со празни раце. Управата на каталонскиот гигант сепак не се откажува од намерата да се врати на врвот на шпанската и европската кошарка, беше избршена тренерска смена, а на новиот кормилар Шарунас Јасикевичиус му бил ветен и богат буџет за да донесе уште неколку врвни засилувања.

Трансферот на Ник Калатес е целосно договорен, а последните информации од Каталонија говорат дека Барса подготвува нова „кошаркарска бомба“ – ангажман на Јан Весели од Фенербахче. Турскиот гигант има сериозни проблеми и најави кратење на платите на клучните играчи, поради што голем дел од нив летово ќе ги сменат клупските бои. Прв нога повлече Џиџи Датоме со преселбата во Милано, а следен би можел да биде токму Весели, кој е голема желба на тренерот Јасикевичиус.

Чешкиот центар лани имаше сериозни проблеми со повреда на колената, но неговите квалитети воопшто не се доведуваат во прашање. Барса е подготвена да му ја израмни платата што ја зема во Фенербахче, со што Весели би го заменил Анте Томиќ, кој по осум години си замина од редовите на каталонскиот гигант.

Се вчитува...