Барса пред трансфер на две мега ѕвезди: Средба на Лапорта и Рајола во Торино – На маса било преговарано за Халанд и Погба

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вчера се сретнал со Мино Рајола во Италија. Каталонците и покрај финансиските проблеми се обидуваат да ги привлечат двајцата најголеми клиенти на агентот, Ерлинг Халанд и Пол Погба.

Лапорта е во Торино, а според новинарот Фабрицио Романо, сепак, средбата не е случајна, туку планирана. Ова може да значи разговори за јануарскиот преоден рок, иако Халанд и Погба се опции за летото, кога Норвежанецот има клаузула за раскин, а на Французинот му истекува договорот со Манчестер Јунајтед.

Лапорта е еден од ретките луѓе во светот на фудбалот кој има одлични односи со Рајола. Но главен проблем сега е тоа што неговиот клуб сега не може да си ги дозволи играчите на агентот, бидејќи се во тешка финансиска ситуација.

Се вчитува...