Барса прими гол, само синот на Меси се радува (видео)

Лионел Меси и Луис Суарез поради повреди вчерашниот меч со Бетис го следеа од ложата на „Камп ноу“ во присуство на своите синови.

Во главна улога неочекувано се најде малиот Матео Меси, кој се израдува при водечкиот погодок на Бетис, очигледно не знаејќи дека тимот на неговиот татко се наоѓа во негатива. Меѓу најизненадените од реакцијата беше Луис Суарез, кој потоа слатко му се изнасмеа на малиот Матео.

Се вчитува...