Барса разочарана од младата ѕвезда вредна 125 милиони евра

Младата ѕвезда на Барселона, Осман Дембеле ќе пропушти барем пет недели фудбал поради истегнување на задната ложа од левата нова.

Аматерски и несериозни се понесе 22-годишниот фудбалер кој не пријави повреда на медицинскиот тим на клубот. Почувствувал повреда, но не сакал ништо да пријави вклучувајќи се на тренинзите. По 20 минути застанал поради болки, а повредата веројатно и ќе можела да се спречи ако на време го известел лекарскиот тим.

Во Барса се лути на Дембеле. Го платија 125 милиони евра пред две лета на Борусија Дортмунд, а тој по доаѓањето во еден од најголемите светски клубови не покажува ниту најмала сериозност.

Директорот на Барселона, Ерик Абидал имаше и состанок со менаџерот на Дембеле, Муса Сисоко. Изразил разочарување од новиот аматерски чин на Французинот, затоа што неговото однесување воопшто не се менува откако е пристигнат во клубот.

Колку за потсетување, минатата сезона беше во проблеми поради тоа што закасна на тренинг затоа што ноќ претходно играч видеоигри па заспал. Тогаш доби парична казна. Досега Дембеле пропуштил 263 дена и 44 натпревари поради повреди откако е член на шпанскиот шампион.

Се вчитува...