Барса се интересира за Зиле, стоперот сака во Премиер-лигата

Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Никлас Зиле летово ќе замине како слободен играч. Интерес има, а најновите информации велат дека Барселона се интересира за неговите услуги, јавува „Билд“.

Сепак, Зиле веројатно ќе ја одбие понудата од Барса, со оглед дека сака да продолжи во Премиер-лигата, а за него има интерес. Њукасл е првиот кој што се интересира, но фудбалерот ги чека подобрите понуди.

Германскиот репрезентативец е во Баерн од 2017 година, освои се што можеше да се освои и сега сака нов предизвик. Претходно беше дел од Хофенхајм.

Се вчитува...