Барса се откажа од Родриго, тргнува по Тадиќ од Ајакс

Барселона во последен момент ги прекина преговорите со Валенсија, откажувајќи се од намерата да го ангажира Родриго. Каталонците се во очајничка потрага по нов голгетер по повредата на Луис Суарез, се чинеше дека Родриго е „избраниот“, но новата рунда неуспешни преговори придонесе Барса да се откаже од овој трансфер и вниманието да го насочи кон Душан Тадиќ.

Српскиот ас лани имаше феноменална сезона во дресот на Ајакс, играјќи неверојатни натпревари против Реал Мадрид и Јувентус во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Ајакс во меѓувреме испадна од ЛШ, што ги зголемува шансите на каталонскиот гигант да најде заеднички јазик со холандскиот првак. Двата клуба имаат одлични односи уште од летните преговори за трансферот на Де Јонг, па сега Барса ќе се обиде да го искористи тоа за да доведе уште една „ѕвезда“ на Ајакс во своите редови.

Барселона инсистира на позајмица со можност да го откупи Тадиќ на крајот од сезонава, па останува да се види дали холандскиот првак ќе се согласи на ваква опција.

Се вчитува...