Барса убедлива против Реал во кошаркарското Ел Класико

Кошаркарите на Барселона убедливо го совладаа Реал Мадрид со 86-69 во „Блауграна“ и се осамија на врвот на табелата во Лига Ендеса. За „кралскиот клуб“ ова беше втор првенствен пораз оваа сезона, наспроти еден колку што има Барселона во досегашните десет кола.

Кошаркарското Ел Класико беше неизвесно три четвртини, но во последната избраниците на Светислав Пешиќ буквално експлодираа и со неколку проектили од далечина го уништија Реал Мадрид. Го добија последниот период со 23-10 и на крајот убедливо славеа.

Кајл Куриц беше најефикасен во победничкиот тим со 16 поени, а по 12 постигнаа Ханга и Синглтон. Во редовите на Реал Мадрид, Џејси Керол уфрли 12 кошеви. „Кралевите“ во ова дерби беа без најдобриот кошаркар, Серхио Љуљ.

Се вчитува...