Барса „врза“ уште еден талент и става откупна клаузула од 1 милијарда!

Барселона постигна договор со младиот фудбалер Ансу Фати за нов договор. Играчот од средниот ред ќе потпише договор до 2027 година. Вчера директорот на Барселона се сретна со менаџерот и постигнале договор.

Исто како и Педри, во договорот на Фати ќе има откупна клаузула која ќе изнесува 1 милијарда евра.

Актуелниот договор на Фати истекува летото 2022 година, со опција да биде продолжен на уште две години.

Барселона сака да потпише договор со 18-годишниот играч пред Ел Класико.

Се вчитува...