Барса загуби од Бетис, драма на „Камп Ноу“ откако супер-талентот Гави се сруши на терен… (ВИДЕО)

Барселона продолжува со очајната сезона во Ла Лига, доживувајќи нов пораз овој пат на домашен терен од Бетис со 0-1.

Победничкиот гол на Бетис беше дело на Хуанми во 79. минута од средбата…

Натпреварот го одбележа и еден несакан момент во првото полувреме кога младиот фудбалер Гави доби незгоден удар со топка во глава. Се чинеше дека ќе може да ја продолжи играта но набрзо се сруши на теренот. Веднаш реагираа лекарите на Барселона, па со возило на брза помош 17-годишниот фудбалер беше пренесел во клиника.

Согласно првичните информации, се работи за потрес на мозокот, но се очекува да се биде во најдобар ред со Гави.

Се вчитува...