Барсегјан донесе победа за Ерменците против Лихтенштајн

Напаѓачот на Вардар, Тигран Барсегјан, донесе триумф (2-1) за Ерменија против Лихтенштајн во првиот меч од нашата група во Лигата на нации. Тој влезе како резерва во вториот дел, и во 76.минута ја погоди противничката мрежа, по одличната акција и проигрувањето од Озбилиз. Само две минути претходно, Лихтенштајн остана со играч помалку поради исклучувањето на Полверино.

Првата ѕвезда на Ерменија, Хенрик Мхитарјан, во второто полувреме не реализира и пенал.

Ерменија поведе со голот на Пицели во 30.минута, а три минути подоцна израмни Волфингер. Ерменија беше подобар ривал на оваа средба и заслужено ги освои трите бода, а на 9.септември ќе и гостува на Македонија на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...