Барселона барем има некаков ќар од Ел Класико, заработи рекордни 20 милиони евра

Најголемото светско фудбалско дерби, Ел Класико, заврши со триумф на Реал Мадрид од 2:1 и тоа на „Камп Ноу“, а Барселона може да биде задоволна само со заработката.

Каталонскиот тим од продажба на влезници за синоќешното Ел Класико заработи 19.1 милиони евра, што претставува рекордна заработка.

Досега, најголемата заработка од влезници изнесуваше 16.46 милиони евра и беше остварена на 10 мај годинава, исто така на Ел Класико.

Барселона исто така објави дека вчерашниот профит од продажбата на дресови и разни клупски сувенири на клупската продавница која се наоѓа на „Камп Ноу“ изнесувал 800.000 евра.

Се вчитува...