Барселона бесна по повредата на Гави: Не разбираат зошто морал да игра

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Гави заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти во победата на неговата репрезентација во средбата против Грузија со 3-1 во последното коло од квалификациите за Европското првенство.

Младиот Шпанец мораше да го напушти теренот во 26. минута, а според информациите на доброупатениот Фабрицио Романо, 19-годишникот плачел во соблекувалната пред и по лекарскиот преглед, алудирајќи на сериозноста на повредата.

Очекувањата се дека Гави ќе остане надвор од терените во следните шест до осум месеци што значи дека за него сезоната е завршена, а нема да биде дел од „црвената фурија“ ниту на престојното Евро 2024 и Летените олимписки игри кои следното лето ќе се одржат во Париз.

Поведата на Гави наиде на големо незадоволство и во таборот на Барселона од каде не можат да сфатат зошто селекторот Луис де ла Фуенте го одбра младиот фудбалер за настап против Грузија.

Се вчитува...