Барселона без Луис Суарез до крајот на сезоната

Шпанскиот првак Барселона ќе биде значително ослабен во продолжението од шампионатот со оглед дека ќе биде без помошта на напаѓачот Луис Суарез. Уругвајскиот интернационалец го оперираше коленото, а лекарските проценки се дека ќе паузира најмалку четири месеци, што значи дека за него сезоната е завршена.

Најавите се дека Барселона ќе се обиде да доведе уште еден напаѓач во зимскиот преоден рок, а секако многу поголема минутажа ќе биде распоредена за Антоан Гризман, но пред се за Осман Дембеле.

Се вчитува...