Барселона без проблеми на гостувањето кај ГОГ

Каталонскиот гигант и најтрофеен клуб во Европа, Барселона ја забележа првата победа во Лигата на шампионите во 2024 година откако вечерва славеше на гостувањето кај Дански Гог без проблеми со убедливи 23-30.

Во првиот дел и двата тима како да играа без одбрани, но и покрај тоа Каталонците во секој момент го контролираа мечот, па на полувреме заминаа со позитива од три гола (14-17). Во вториот дел ракометарите на Барселона само уфрлија во повисока брзина за на крајот да стигнат до лесен триумф од 23-30.

Мелвин Ричардсон со шест гола беше прво име кај победникот, а неверојатен на голот беше Нилсон кој забележа 20 интервенции. Кај поразените со ист број погодоци како Ричардсон заврши Мадсен, но со очајна реализација од само 50 отсто од игра.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...