Барселона без шанса во Истанбул

Анадолу Ефес поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Барселона, совладувајќи го каталонскиот гигант на домашен терен со резултат 75-68. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека турскиот вицепрвак водеше од почеток до крај, не давајќи им на гостите да се понадеваат на „брејк“ на почетокот од ова четвртфинале.

Мечот почна со доминација на тимот на тренерот Атаман, кој веќе во првата четвртина поведе со двоцифрена разлика (15-4). По десет минути игра резултатот гласеше 26-15, за Барселона да ја намали негативата во вториот период. Избраниците на тренерот Пешиќ не се предаваа, дојдоа на „минус пет“ на 80 секунди до крајот, имаа и напад што Блажич не го реализираше промашувајќи тројка, за Мициќ да стави точка на натпреварот, за конечни 75-68.

Мициќ со 21 поен и седум асистенции беше прв стрелец на Ефес, доодека најефикасен во таборот на Барселона при денешниот пораз беше Анте Томиќ со 14 поени.

Се вчитува...