Барселона демонстрираше сила на „Месталја“ (ВИДЕО)

Барселона оствари убедлив триумф на гостувањето на „Месталја“ кај Валенсија со 1-4. Уште по првиот дел беше решен победникот, откако Барса имаше 0-3.

Обамејанг во 23. миута го постигна својот деби гол за Барса, а Де Јонг во 32. минута зголеми на 0-2. Потоа Обамејанг со уште еден гол во 38. минута го направи водството уште поубедливо.

Во 53. минута Солер донесе трошка надеж за Валенсија, но сите дилеми беа решени кога Педри постигна убав гол во 63. минута за конечен триумф.

Со оваа победа Барселона и натаму останува во трка за излез во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...