Барселона доби дозвола за полни трибини на „Камп Ноу“

Екипата на Барселона следните мечеви ќе може да ги игра пред полни трибини на „Камп Ноу“ откако и беше дозволено стадионот да биде пополнет 100%.

Досега беше дозволено само одреден процент  потполнетост на трибините поради спречување на ширењеот на коронавирусот, но сега Барса ќе ја има поддршката од публиката со целосно исполнети трибини.

Следните натпревари на домашен терен Барса ги игра со Валенсија во шпанското првенство, и потоа со Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Се вчитува...