Барселона доби предупредување од Ла лига за забрана за играње на „Камп ноу“

Фудбалскиот клуб Барселона доби предупредување за забрана за играње на натпревари на Камп ноу, поради нередите кои се случија на дуелот против Реал Мадрид. Барселона овој пат помина само со мала парична казна од 1500 евра поради нередите кои се случуваа надвор од стадионот на последното Ел класико, во кое демонстрантите бараа независност на Каталонија.

Сепак, од Ла лига испратија предупредување до Барселона, дека доколку вакви настани преминат во навика, каталонскиот клуб може да го загуби правото домашните натпревари во шпанското првенство да ги игра на Камп ноу.

Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без победник 0-0.

Се вчитува...