Барселона добива можност да се „откачи“ од Дембеле

Каталонскиот „Мундо Депортиво“ тврди дека Усман Дембеле е блиску до заминување од Барселона. Францускиот фудбалер има договор до крајот на годината, па на почетокот на следната година би можел да преговара со други клубови. Но, со цел Барса да заработи на него, би можел да го продаде уште во јануари и тоа на Њукасл.

Тимот кој доби нов сопственик нема да има проблеми со платата на Французинот, па така Дембеле ќе има добра понуда на маса, а Барселона тешко дека ќе може да одолее, со оглед на тоа дека во лето ќе си замине како слободен играч. Исто така добро ќе заработи и неговиот агент. Наводно на играчот му се нуди 15 милиони евра годишно.

Се тоа би можело да значи дека Дембеле би заминал следната година, а Барселона нема да ги врати парите кои ги плати за него – 135 илиони евра на Борусија Дортмунд. Неговата вредност е падната на околу 50 милиони евра. Но, тука ќе се прашува и Чави кој првично најави дека сака да го задржи Дембеле.

Се вчитува...