Мата доаѓа „гратис“ на „Камп ноу“?

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата сака кариерата да ја продолжи во Шпанија, а за него е заинтересирана Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Татко на Мата кој е и негов агент, имал средба со раководните лица на каталонскиот гигант.

Договорот со Јунајтед на Мата му истекува во јуни, поради што Шпанецот најверојатно по пет и пол години ќе го напушти тимот од „Олд трафорд“ како слободен играч. Таткото на Мата седмицава, изјави дека од таборот на „црвените ѓаволи“ му понудиле на Мата јуниор нов договор, но се уште се разгледуваат сите опции за иднината на неговиот син.

Мата е плод на младинската школа на Реал Мадрид, но никогаш не заигра за првиот тим, пред да премине во Валенсија во 2007 година. По три и пол години поминати на „Месталја“, Мата во 2011 година потпиша за Челси.

Се вчитува...