Барселона фаќа залет – четири гола во мрежата на Атлетик Билбао

Барселона стигна и до третата победа во последните пет натпревари во шпанското првенство откако во 26. коло славеше на домашен терен против Атлетик Билбао со 4-0.

Каталонците до победа ги предводеа Обамејанг кој погоди во 37. минута, Дембеле кој ја затресре мрежата во 73. минута, Де Јонг кој стави крај на сите дилеми во 90. минута и Депај кој ја 94. минути го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Барселона стигна до само еден бод заостанување од третата позиција на табелата каде се наоѓа Бетис.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...