Барселона го доби трилерот со Панатинаикос

Барселона стигна до третата победа во годинашното издание на Евролигата откако на домашен терен во крајно неизвесен натпревар го совлада грчки Панатинаикос по продолженија со 97-89.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од плус пет (13-18). Каталонците подобро одиграа во вториот период и на полувреме успеаја да заминат со позитива од плус еден (36-35). Целото второ полувреме помина во егал, а со звукот на сирената Кори Хигинс промаши шут за победа по што натпреварот замина во продолженија (75-75). Во продолженијата домаќините беа доминантни и стигнаа до конечен триумф од 97-89.

Кори Хигинс со 24 поени беше најефикасен во победничкиот табор, Брендон Дејвис уфрли 20, а одличен беше и Ник Калатес кој покрај 14 поени, забележа и по 5 скока и асистенции. Кај поразените се истакна Маркус Фостер со 24 поени.

Се вчитува...