Барселона го договори Феран Торес, но постои еден проблем

Феран Торес се очекува да биде првото засилување на Барселона во јануарскиот преоден рок. Шпанскиот интернационалец кој ја користи секоја пружена шанса во најдобро светло во Манчестер Сити е желба на Чави за силен состав во годините кои следат.

Дваесетиедногодишникот и Барселона веќе ги договориле личните услови, но останува уште каталонците да си подадат рака и со раководството на Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми. Сепак тука се јавува проблем бидејќи „граѓаните“ не дозволуваат играчот да замине без обесштета од 60 милиони евра која со оглед на финансиските проблеми на Барса може да биде сериозна пречка за реализација на „трансферот за иднината“.

Со ангажманот на Торес Барса добива и нова аквизиција во погледот кон годините кои следат. Како потсетување во клубот настапуваат големите таленти како Фати, Педри, Гави, Дест, Гарсија… со кои се дава дознаење дека Барселона во иднина повторно ќе го врати претпознатлиот сјај.

Се вчитува...