Барселона го доведе четвртото засилување сезонава (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона го доведе во своите редови младиот шпански фудбалер Жуниор Фирпо. 22-годишниот Фирпо на „Камп ноу“ доаѓа од редовите на Реал Бетис за сума од 20 милиони евра.

Фирпо е четвртото засилување за „каталонците“ сезонава откако во своите редови ги доведоа Френки де Јонг, Антоан Гризман и Нето. Фирпо беше дел од младинските категории на шпанската фудбалска репрезентација.

 

Се вчитува...