Барселона го купува Братвајт за 18 милиони евра, Леганес останува без главниот напаѓач

Каталонскиот гигант Барселона одлучи да го купи напаѓачот на Леганес, Мартин Братвајт, искористувајќи го правото за „медицински џокер“ од Ла Лига, надвор од зимскиот преоден рок. Актуелниот шпански првак ќе плати 18 милиони евра за данскиот репрезентативец кој до крајот на оваа седмица треба и дефинитивно да пристигне на „Камп Ноу“.

Раководството на Барселона со овој потег сака да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија на тимот по повредите на Луис Суарез и на Осман Дембеле. Проблемите остануваат за Леганес, кој ќе остане без главниот напаѓач, а и нема право да го замени до крајот на сезоната.

Се вчитува...