Барселона го нуди Суарез на Јувентус!?

Бројни се шпекулациите ова лето за меѓусебните понуди на Барселона и Јувентус околу продажба и размена на фудбалери. Барса, според последните пишувања на Шпанците, наводно го понудила Луис Суарез на Јувентус како со продажбата на Уругваецот би добила дополнителни средства за финансирање на трансферот на Нејмар од ПСЖ.

Каталонците цело лето се на линија со Нејмар сакајќи да го вратат на „Ноу Камп“, а како се доближува крајот на преодниот рок веќе и се посериозни се обидите на Барса да го реализира неговиот трансфер.

Барселона сега подготвена да се откаже од услугите на искусниот офанзивец, кој во моментов е повреден, а Јувентус е добра можност за тоа затоа што се уште е во потрага по напаѓач откако успеа да го доведе Ромел Лукаку, а се уште не се знае судбината на Икарди.

Се вчитува...