Барселона го освои Берлин, Анадолу падна во Тел Авив

Анадолу Ефес го забележа четвртиот пораз во Евролигата оваа сезона, откако во драматичен финиш загуби од Макаби Тел Авив с0 77-75. Стрелец на победничките поени за израелскиот тим беше Скоти Вилбекин од линијата за слободни фрлања на девет секунди пред крајот на мечот. Анадолу имаше предност од пет поени во завршницата, но Макаби Тел Авив успеа да израмни на две минути до крајот, а потоа и најде решение за триумф.

Најефикасен во победничкиот состав беше Скоти Вилбекин со 21 поен. Кај Анадолу Ефес, Крунослав Симон и Василије Мициќ постигнаа по 14 поени.

Барселона беше успешна на гостувањето во Берлин и ја совлада Алба со 80-84. Алекс Абринес со 17 поени го предводеше каталонскиот тим до триумфот. Фенербахче во меч со малку постигнати кошеви славеше против Црвена Звезда со 66-63. Никола Калиниќ со 10 поени беше и единствен двоцифрен во составот на Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...