Барселона го освои Сегедин, Кил лесно со Елверум

Актуелниот европски шампион победнички ја стартуваше новата „кампања“ во Лигата на шампионите откако успеа да триумфира на тешкото гостување кај Пик Сегед со 28-35. Домаќините одиграа одлично прво полувреме против актуелниот двократен шампион по кое успеаја на пауза да заминат со позитива од еден гол (15-14).

Сепак, Каталонците заиграа далеку подобро во второто полувреме. Ракометарите на Барселона ја зацврстија одбраната и на крајот успеаја да стигнат и до релативно лесен триумф од 28-35. Мем и Фабрегас со по седум гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Бодо постигна пет гола.

До лесна победа стигна и бундеслигашот Кил кој ја оправда фаворитската улога совладувајќи го норвешки Елверум со убедливи 36-26. Рајнкинд со шест гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Боршаш.

Се вчитува...