Од новиот „Камп Ноу“ боли глава – проектот ќе чини 1,5 милијарди евра (ВИДЕО)

Барселона е подготвена да ја стартува реконструкцијата на култниот стадион „Камп Ноу“, како централен дел на моќниот проект „Espai Barca” за кој беше дискутирано и на последното собрание на каталонскиот гигант.

Реновирањето требаше да почне да се реализира уште минатата година, но поради пандемијата се одложи. Сега е подготвено за реновирање кое почнува идната година, без оглед на фактот дека трошоците за проектот од 900 милиони скокнаа на 1,5 милијарди евра.

Лапорта ја доби поддршката за зголемување на буџетот за овој супер-модерен проект, кој долгорочно ќе овозоможи значително зголемени приходи за клубот. Новиот „Камп Ноу“ ќе добие покрив, на кој ќе има соларни панели за производството на електрична енергија. Стадионот ќе има преку 2000 паркинг места, многу содржини за навивачите, луксузни ВИП ложи, а како дел од комплексот ќе има и луксузен хотел.

Проектот се очекува да биде финиширан во 2026 година.

Видео од новиот Камп Ноу, може да видите подолу:

Се вчитува...