Барселона го понуди Ракитиќ и 10 милиони евра за Бернардески, но Јуве одби

Барселона му понуди на Јувентус сума од 10 милиони евра плус Иван Ракитиќ за Федерико Бернардески. Ова е најновата размена на понуди меѓу Барселона и Јувентус која трае извесен период.

Но, и оваа понуда наводно Јувентус ја одбил, затоа што италијанскиот шампион бара 20 милиони евра за да биде реализирана.

Јувентус пред три години го купи Бернардески од Фиорентина за 40 милиони евра, па затоа сега бара 20 милиони евра за фудбалерот кој е и шест години помлад од Хрватот.

Се вчитува...