Барселона го претстави Валверде: Да ги вратиме титулите на „Камп Ноу“

Шпанскиот гигант Барселона денеска и официјално го претстави Ернесто Валверде за нов тренер. Тој во наредните две години ќе седи на клупата на тимот од „Камп Ноу“, со опција за продолжување на договорот и за дополнителна трета сезона.

valverde barsa pres 2

„Ова е голем предизвик за мене, веројатно и најголемиот, добив можност да ја предводам Барселона, еден од најголемите клубови во светот. Ќе работам напорно, мојата желба е да го вратиме познатиот стил на игра на Барселона и, секако, да освојуваме трофеи. Се надевам дека веќе следната сезона ќе ги вратиме титулите на „Камп Ноу“. Не се сомневам дека Луис Енрике работеше одлично и ќе продолжам да работам исто така со многу жар и желба, се разбира, поставувајќи некои свои принципи. Барселона има фантастични фудбалери, на чело со Лионел Меси, но ќе се потрудиме и да го освежиме тимот со неколку нови имиња“, изјави Ернесто Валверде при својата презентација како нов тренер на каталонскиот клуб.

Се вчитува...