Барселона го пронајде наследникот на Луис Суарез во ПСВ

Шпанскиот првак Барселона размислува за нов напаѓач и покрај ангажманот на Антоан Гризман изминатово лето. Раководството на клубот веќе го пикираше наследникот на Луис Суарез, кој би можел да го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната. Тоа е младиот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Дониел Мален, кој блеска во холандскиот шампионат. На 11 натпревари досега има постигнато 13 гола.

Тренерот Ернесто Валверде верува дека Мален одлично ќе се вклопи во составот на Барселона, со оглед на одличните реализаторски способности. Интересно е дека Дониел Мален првите фудбалски чекори ги направил во Ајакс, а две сезони бил и во младинскиот тим на Арсенал. По ова направи трансфер во ПСВ Ајндховен.

Се вчитува...