Барселона го сака Берарди на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона е во потрага по нов напаѓач кој треба да го замени повредениот Луис Суарез. Раководството на клубот влезе во преговори со Ајак за ангажман на Душан Тадиќ, но офанзивниот играч за врска на холандскиот клуб се чини дека сепак е прескап за трансфер што би се остварил во зимскиот преоден рок. Тренерот Кике Сетиен како резервна опција го препорачал Доменико Берарди, напаѓачот на италијанскиот калчолигаш Сасуоло.

Барселона сака да го доведе Берарди на „Камп Ноу“ на шестмесечна позајмица, со опција за комплетно откупување на договорот. Напаѓачот минатото лето беше пред договор со Интер, но сепак одлучи да остане во Сасуоло.

 

Се вчитува...