Барселона го совлада Арсенал и го освои трофејот „Жоан Кампер“ (ВИДЕО)

Барселона го освои традиционалниот трофеј „Жоан Кампер“ откако го совлада Арсенал со 2-1. Во првото полувреме гостите на купот поведоа со голот на Пјер Емерик Обамејанг во 36. минута.

Во второто полувреме „каталонците“ израмнија на 1-1 по автоголот кој го постигна младиот Мајтланд-Најлс. Конечните 2-1 ги постави Луис Суарец со гол во 90. минута.

Интересно е што на мечот не настапи првата ѕвезда на Каталонците и еден од најдобрите фудбалери во историјата Лионел Меси.

 

Се вчитува...