Барселона и Атлетико подготвуваат размена на фудбалери

Сегашниот играч на Челси, Саул Нигез летоска беше блиску до дресот на Барселона. Требаше Гризман да замине во Атлетико, што на крај и го стори, а Саул да замине во спротивен правец, на „Ноу Камп“. Меѓутоа, на крајот Шпанецот се реши за Челси, а Гризман замина во Атлетико.

Меѓутоа оваа размена е реална да се случи на крајот од сезоната. Гризман треба да се врати во Барса, а Саул во Атлетико, и да се случи размената.

Според каталонски „Спорт“, Саул изразил желба да игра за Барселона, а неговата желба се зголемила со доаѓањето на Чави како тренер на екипата. Токму Чави би можел да биде најсилниот адут за носење на Саул, кој не добива многу шанса ниту во Челси откако пристигна во Лондон.

Се вчитува...