Барселона и Басконија во луди завршници ја добија „шпанско-германската војна“ против Баерн и Алба (ВИДЕО)

Барселона и Басконија во луди завршници стигнаа до победи против Баерн Минхен и Алба Берлин во шпанско-германската војна во кошаркарската Евролига. Баварците беа на чекор од сензација во Блауграна. По израмнетото прво полувреме тие одиграа феноменална четвртина, а на влезот во последниот период имаа плус единаесет (57-68). Сепак, со фуриозна завршница Барселона успеа да стигне до пресврт и конечна победа од 83-80. Никола Миротиќ со 28 поени и 8 скока беше главен творец на превсртот на Каталонците, додека Кори Хигинс уфрли 16 поени. Кај поразените залудни беа 19 поени, 8 скока и 3 асистенции на Грег Монро.

Во вториот шпанско-германски натпревар Басконија во слична завршница и фуриозна четврта четвртина успеа да стигне до голем пресврт против Алба Берлин и да ја совлада со 73-72. Тимот од Берлин во текот на првите три четвртини го контролираа натпреварот, но сепак на крајот Басконија успеа да стигне до полн плен.

Се вчитува...