Барселона и официјално го отпиша Ракитиќ: Хрватот со мислите кон Јувентус

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал и дефинитивно го отпиша хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

„Ракитиќ знае дека постои спортска одлука која треба да ја разбере. Веќе е известен дека повеќе не е дел од нашите планови“ – изјави Абидал во интервју за „Мундо Депортиво“.

Па, Ракитиќ од денеска и официјално е на трансфер-листата, по пет години минати во дресот на Барселона.

Веќе од поодамна е познато дека Хрватот е желба на Милан, Атлетико Мадрид, Интер и Манчестер јунајтед. Но, тој има само една желба – а тоа е Јувентус.

Се вчитува...