Барселона и ПСЖ пронајдоа нова формула за реализација на трансферот на Нејмар

Сагата околу трансферот на Нејмар од Пари Сен Жермен во Барселона, прерасна во ТВ сапуница во летниот преоден рок. Денеска излегоа нови детали од можниот договор меѓу двата клуба, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона и ПСЖ пронајдоа нова формула со која трансферот на Бразилецот би можел да се реализира, а прашање е околу позајмица со право на задолжителен откуп. Барселона во моментов нема пари да го доведе Нејмар, што би значело дека таа опција би и одговарала како следното лето би можела да ги исплати 200 милиони евра кои ПСЖ ги бара за него.

Каталонците овој преоден рок веќе ги доведоа Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, и Френки де Јонг од Ајакс за вкупна сума од 195 милиони евра.

Се вчитува...