Барселона и Реал Мадрид му ги матат сметките на Манчестер Јунајтед, заинтересирани за Шкриниар

Големата желба на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар е во фокусот и на шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Словакот кој покажа импресивни дефанзивни изданија во дресот на италијанскиот клуб е еден од трансфер приоритетите на Манчестер Јунајтед, но италијанските медиуми сега тврдат дека за словачкиот интернационалец се заинтересирани и Барса и Реал.

24-годишниот Шкриниар кој важи за еден од најголемите одбранбени таленти во Европа со Интер потпиша продолжување на договорот, но во него најверојатно нема откупна клаузула. Според  „Corriere Dello Sport“, двата шпански клуба ќе нправат чекори уште во зимскиот преоден рок, но поизвесно е дека евентуалниот трансфер би се случил следното лето.

Оле Гунар Солскјер пак го идентификуваше Шкриниар како партнер на Хари Мегваер во одбраната на Манчестер Јунајтед, но сега во трката влегуваат и други големи играчи, па битката за Словакот станува се понеизвесна.

Се вчитува...